Новости

Драган Великиќ, годинашен добитник на наградата Виленица

Овогодинешниот добитник на наградата Виленица е српскиот писател Драган Великиќ, чиј најнаграден роман, Рускиот прозорец, е дел од збирката 100 словенски романи во рамките на која е и преведен на словенечки и македонски јазик.

Драган Великиќ, годинашен добитник на наградата Виленица Read More »

Рихтер на 25-тата генерална конференција ICOM

На 25-тата генерална конференција ICOM што се одржа на почетокот на септември во Кјото, Јапонија, д-р. Андреја Рихтер, меѓу другото, го претстави Зборникот со трудови од учесниците на конференцијата ICOMAM: Војна и мир, страв и радост: 100 години од крајот на Првата светска војна. Конференцијата се одржа во Љубљана минатата година.

Рихтер на 25-тата генерална конференција ICOM Read More »

Интензивни подготовки за Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург

Откако се потпиша заедничката изјава за посебниот статус на VIII Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург со Министерството за култура на Руската Федерација во април 2019, Форумот за словенски култури (ФСК) започна интензивни подготовки за настанот во ноември. Делегацијата на ФСК ќе ја сочинуваат министри за култура на словенските земји, како и бројни експерти и уметници.

Интензивни подготовки за Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург Read More »

Публикацијата издадена по повод нашата 15-годишнина!

За својот 15-годишен јубилеј, Меѓународната фондација Форум на словенските култури издаде специјална публикација Нашите 15! која нуди преглед на активностите на фондацијата од нејзиното основање во 2004 година па сѐ до денес.

Публикацијата издадена по повод нашата 15-годишнина! Read More »

Вирк и Жабот на Белградскиот фестивал за европска литература

По повод одбележувањето на 15-годишнината од Форумот на словенските култури, 8-миот белградски фестивал на европска литература, оддаде посебна почит на збирката „100 словенски романи“, за која разговараа словенечките писатели Јани Вирк и Владо Жабот и српскиот уредник Гојко Божовиќ.

Вирк и Жабот на Белградскиот фестивал за европска литература Read More »

Јанчар ја прими „Стефан Митров Љубиша“ наградата во Црна Гора

Драго Јанчар, словенечки писател, драматичар, есеист и еден од авторите на словенечката листа од 100 словенски романи ја доби престижната награда „Стефан Митров Љубиша“ во Будва, Црна Гора.

Јанчар ја прими „Стефан Митров Љубиша“ наградата во Црна Гора Read More »

Наполнивме 15 години!

Меѓународната фондација Форум на словенските култури го прослави својот 15-годишен јубилеј со концертот на отворено Словенска рапсодија. Оваа прилика ја искористивме да именуваме и почесен амбасадор, како и да ги поделиме сертификатите за амбасадор на ФСК.

Наполнивме 15 години! Read More »

За културните рути на писателките на академијата на Европскиот институт за културни рути

Форумот на словенски култури по втор пат учествуваше во “академијата” на Европскиот институт за културни рути во Советот на Европа. Го претставивме проектот “Културни рути на писателките”, со кој сакаме да дадеме значење и да ги оживееме извонредните книжевни и животни приказни на писателките кои ја обележаа борбата за човековите права и женските права во почетокот на 20-тиот век.

За културните рути на писателките на академијата на Европскиот институт за културни рути Read More »

Управниот одбор на Форумот на словенските култури го нагласува зајакнувањето на меѓукултурниот дијалог

Управниот одбор на меѓународната фондација Форум на словенските култури, составен од министрите за култура на земјите-членки на ФСК, се состана на свечена седница. Меѓу другото, членовите дискутираа за иднината на ФСК и потпишаа меморандум за зајакнување на меѓукултурниот дијалог и соработка меѓу сите словенски земји. Настанот се одржа под почесно покровителство на премиерот на Република Словенија, Марјан Шарц, додека пак со специјално писмо, 15-годишниот јубилеј од формирањето на ФСК го честита и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Управниот одбор на Форумот на словенските култури го нагласува зајакнувањето на меѓукултурниот дијалог Read More »

За културната рута на писателките на 13-тото Меѓународно летно училиште за музеологија

Под покровителство на Форумот на словенските култури, Факултетот за хуманистички студии на Универзитетот на Приморска, ICOM Словенија и Центарот за креативност на Музејот за архитектура и дизајн, се одржа 13-тото Меѓународно летно училиште за музеологија. Во рамките на ова летно училиште, ФСК ја претстави новата културна рута.

За културната рута на писателките на 13-тото Меѓународно летно училиште за музеологија Read More »

Scroll to Top