25 кандидати за наградата Жива, доделување во Прага

 

За наградата Жива за најдобар словенски музеј оваа година се натпреваруваат најмногу музеи досега, а 25 од нив се од 12 словенски земји. Форумот на словенски култури, наградата ќе ја доделува петти пат по ред, за прв пат и парично, овој пат од 12-ти до 16-ти септември во Прага, во соработка со тамошниот Национален технички музеј.


По септемврискиот повик за наградата Жива награда 2018, Форумот на словенските култури доби вкупно 25 пријави од словенски музеи, меѓу кои еден од Босна и Херцеговина, Македонија, Словачка и Црна Гора, две од Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија и Чешка, три од Белорусија и Полска, и пет од музеите во Руската Федерација.

Пријавените музеи годинава се натпреваруваат за титулата и скулптурата Жива, како и за парична награда во висина од 3.000 евра. Таа ќе биде поделена во Прага (Чешка), каде што ќе се одржи од 12-ти до 16-ти септември 2018 година во Националниот технички музеј. Истиот го посети д-р. Андреа Рихтер, директорката на ФСК, со цел да ги договори деталите на четиридневниот програм.

Листата на пријавени музеи за наградата Жива 2018 ќе ја најдете ТУКА!