Форумот на словенските култури ја одбележува својата 15-годишнина

 

Меѓународната фондација Форум на словенските култури ќе ја одбележи 15-тата годишнина од постоењето на институцијата со организација на специјални настани во Словенија и земјите-членки надвор од неа. ФСК стана референтна платформа за меѓукултурен дијалог и центар за поврзување на словенските држави во областа на уметноста, културата, образованието, науката и културниот туризам.

 

"Форумот на словенските култури, со седиште во Словенија, поврзува 13 словенски земји (Белорусија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Словачка, Полска, Србија, Руската Федерација, Украина, Македонија, Црна Гора и Словенија). По 15 години од неговото постоење, ФСК стана референтна платформа за меѓукултурен дијалог и центар за поврзување на словенските држави, како и успешен промотор на словенските култури надвор од границите на земјите-членки на Форумот ", изјави директорката на Форумот, д-р Андреа Рихтер на прагот на годината во која ќе бидат организирани специјални настани по повод одбележувањето на 15-годишнината. Покрај редовните проекти, меѓу кои еден од најстарите е проектот 100 словенски романи и наградата за најдобар словенски музеј Жива, ќе се отвори и нова тематска област која ќе се посвети на проучување на младите словенски мигранти во словенскиот свет. 15-годишнината од ФСК, исто така, ќе биде одбележана и во другите земји-членки на ФСК.

"На нашите настани годишно присуствуваат над 65.000 посетители. Достапноста до истите дури го надминува и бројот 1 000 000. Со одбележувањето на 15-годишнината сакаме и понатаму да го зголемуваме својот досег и да станеме уште подостапна фондација - да изградиме мостови не само до стручната јавност, но и до пошироката јавност во словенските земји и надвор од нивните граници. Ние веруваме дека во ова ќе успееме со организирањето на голем број на настани, а пред сè и со активната мрежа на партнери и комуникациските процеси ", изјави Рихтер, додавајќи дека тие се особено горди на својата веб-страница (www.fsk.si), каде што во 2019 се финализира концептот на функционирање на веб-страницата како меѓународна страница со низа информативни точки кои не обезбедуваат само информации, туку и соработка и вмрежување на корисниците и институциите. Пред сè, страницата е уникатна во тоа што содржината е достапна на сите 13 словенски јазици и на англиски јазик.