Форумот на словенските култури повторно со изложба во УНЕСКО

 

Меѓународната фондација Форум на словенските култури заедно со партнерските институции подготви изложба на тема Жените и Големата војна. Церемонијата на отворање на истата, во соработка со Постојаното претставништво на Република Словенија при УНЕСКО, се одржа во палатата на УНЕСКО во Париз. Изложбата ќе биде отворена до 15 април 2019 година.

 

“Во Форумот на словенските култури сме горди секогаш кога ни успева да ја оствариме нашата мисија и кога со заеднички проекти со други држави можеме да додадеме нова страница во поглавјето од историјата на Европа. Оваа изложба на словенските жени од Првата светска војна е исто така добар пример за ваквиот вид на тесна соработка”, изјави д-р Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури на отворањето на шестата изложба во седиштето на УНЕСКО во Париз, и додаде дека оваа изложба на Жените и Големата војна ги поврзува државните архиви, музеи и факултети од осум словенски земји. Низ материјалите од архивите се прикажува улогата на жените во Големата војна. Таа за нив не се одвивала само на личниот човечки фронт, туку и на семејниот, социјалниот и еманципаторниот фронт. Суровата војна им одзела сè, но истовремено, им донела и нови слобода во борбата за правата на жените.

Тоа во своето обраќање го истакна и амбасадорот на Република Словенија во Париз и Постојаното претставништво на Република Словенија при УНЕСКО, Андреј Слапничар: “Придонесот на жените во војната бил толку значаен што тоа било знак за почетокот на еманципацијата и соработката во иднина. Ниту една од овие жени денес не би можела да зборува за родова еднаквост.” Саније Ѓулсер Корат, директорката на Одделението за родова рамноправност на УНЕСКО, истакна дека содржината на изложбата е тесно поврзана со мисијата на УНЕСКО, која се посветува на родовата еднаквост и унапредување на зајакнувањето на улогата на жените во современо општество.

Изложба на Жените и на Големата војна ќе биде достапна за посета во палатата на УНЕСКО до 15.04.2019 година кога ќе се одвива и седницата на Извршниот одбор на УНЕСКО, потоа нејзини  домаќини ќе бидат партнери во осум словенски земји.

 

Изложба на Жените и на Големата војна