Форумот на словенските култури запазен на Intermuseum фестивалот во Москва


Форумот на словенските култури како стратешки партнер беше за прв пат претставен на меѓународниот музејски фестивал Intermuseum во Москва. Во изложбениот простор Жива (напомена, наградата за најдобар словенски музеј) на едно место беа претставени петнаесет словенски музеи, од кои три беа словенечки.


На официјалното отворање на 20-тиот фестивал Intermuseum, на кој беа претставени дури 400 музеи, повеќето од нив руски, покрај Олга Голодец - потпретседателката на руската влада, Владимир Медински - министерот за култура на Руската Федерација, Михаил Пјотровски - директорот на Ермитаж и претседател на Сојузот на руски музеи , исто така се обрати и д-р. Андреја Рихтер - директорката на Форумот на словенските култури. Меѓу другото, таа ја истакна важноста на ваквите настани за експертите од областа, како и за јавноста. Една од главните цели беше подигнување на свеста за културното наследство и неговата промоција. Според рускиот министер за култура Медински, амбициите на фестивалот Intermuseum е да стане водечки настан од ваков вид во светот.


ФСК на изложбениот простор Жива (напомена, наградата за најдобар словенски музеј) претстави вкупно 15 музеи од 6 словенските земји, меѓу кои и добитници на посебни признанија. Од Словенија, беа претставени: Музејот и галеријата на град Љубљана, Словенскиот етнографски музеј и најдобриот словенски музеј за 2017 година -  Словенечкиот планински музеј.


Рихтер настапи како предавател и учесник во различни професионални настани, меѓу другото, на тркалезна маса за градските музеи заедно со Блаж Першин - директор на Музејот и галеријата на град Љубљана, како и со Јернеј Худолин - директор на Заводот за заштита на културното наследство на Словенија и на маг. Мартина Лесар Кикељ - претседателка на Друштвото на реставратори на Словенија на тркалезна маса за добрите пракси за соработка меѓу реставраторите и музејските професионалци.


Јубилејниот, 20-ти Intermuseum фестивал кој се одржа во Москва од 31 мај до 3 јуни беше посетен од страна на речиси 48.000 посетители.

Видеото ќе го пронајдете ТУКА!

 

Intermuseum2018

Foto: Nemanja Mićević