ФСК и оваа година партнер на Музејскиот фестивал Intermuseum

 

Форумот на словенските култури втора година по ред беше партнер на Музејскиот фестивал Intermuseum во Москва. Во изложбениот простор Жива, ФСК ги додели наградите за најдобар словенски музеј и за најдобар споменик за природно и културно наследство. Во рамките на професионалниот дел на фестивалот, д-р. Андреја Рихтер одржа предавање за човечките ресурси во музеите, за Меѓународниот центар за истражување наследство Пиранова и учествуваше во неколку стручни дебати.

 

Музејскиот фестивал Intermuseum е најголемиот музејски настан во Руската Федерација, организиран од страна на Министерството за култура на Руската Федерација. Тема на 21-виот фестивал беше „Дијалогот меѓу експертите“, а ФСК вторпат по ред се претстави како партнер со изложбениот простор и програмата наменета за експерти. „Важно е во светот кој се менува и влијае врз улогата на музеите, да дискутираме за промени во политиката на делување со човечките ресурси во музеите. На овој начин може најсоодветно да се одзовеме на секојдневните ситуации и прилагодиме на времето и просторот“, истакна д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури. Таа исто така го претстави Меѓународниот центар за истражување наследство Пиранова и учествуваше во неколку дебати со други меѓународни експерти. Меѓу нив беше и Масимо Негри, научен директор на Европската музејска академија (ЕМА). Тој, заедно со Рихтер, дискутираше и за дијалогот и поврзувањето меѓу експертите и институциите, како што се ФСК и ЕМА.

Оваа година на фестивалот Intermuseum беа претставени повеќе од 400 музеи, а во професионалниот дел од програмата учествуваа повеќе од 3.000 експерти. Во централната изложбена сала Манеж во непосредна близина на Црвениот плоштад, музејската изложба ја посетија голем број туристи.

 

Intermuseum

Foto: Stanislav Akimkin (1-7)