ФСК доби 22 апликации од 12 земји за наградата Жива 2020

 

Форумот на словенските култури оваа есен - 2020 година, по седми пат ќе ја додели наградата Жива за најдобар словенски музеј и по трет пат наградата за најдобар природен и културен споменик во словенските земји. За годинашните награди ќе се натпреваруваат 22 музеи од 12 словенски земји.

 

Во седиштето на ФСК во рамките на огласот „Жива 2020“ беа пристигнати 22 апликации од 12 словенски земји за наградата за најдобар словенски музеј и наградата за најдобар природен и културен споменик во словенските земји. Апликациите веќе се разгледани, бидејќи се основа за започнувањето на работата на меѓународното жири - група од тринаесет експерти од словенските земји, заедно со претставници на Европската музејска академија од Холандија и Грција. Како и секоја година, жирито ќе ги посети сите номинирани музеи, што е ретка и уникатна практика за доделување на меѓународни музејски награди.

Во последните седум години, за наградата Жива се натпреваруваа 139 музеи од 13 словенски земји.

 

Пријавените музеи за Наградата Жива 2020 се:

  • Музејот Страна Мини, Белорусија
  • Националниот историски музеј на Република Белорусија, Белорусија
  • Музејот на резби, Босна и Херцеговина
  • Регионалниот етнографски музеј на отворено Етар, Бугарија
  • Центарот за посетители, куќа на бајките на Ивана, Хрватска
  • Музејот на регионот Валпово, Хрватска
  • Градскиот музеј Карловац, Хрватска
  • Националната коњушница Кладруби над Лаб, Чешка Република
  • Националниот музеј на Црна Гора, Црна Гора
  • НУ Институтот и Музеј Битола, Северна Македонија
  • Музејот на рударството во Забрзе, Полска
  • Музејот и изложбен центар И. Солдатенков, Руска Федерација
  • Центарот за словенското писмо Слово (Збор), Руска Федерација
  • Музејот на уметноста во Јарослав, Руска Федерација
  • Спомен-музејот А.В. Журавски во Уст Килма, Руска Федерација
  • Музејот на наивна и маргинална уметност, Србија
  • Националниот музеј во Белград, Србија
  • Музеј на христијанството во Словенија, Словенија
  • Галеријата Божидар Јакац, Словенија
  • Музејот на мотоцикли Гром, Словенија
  • Музејот за архитектура и дизајн, Словенија
  • Националниот литературен спомен-музеј на Иван Франко во Лавов, Украина.