ФСК беше домаќин на поделувањето на наградите на Европската музејска академија

 

Во соработка со Европската музејска академија, меѓународната установа Форум на словенските култури ко-организираше меѓународна конференција во Љубљана. На истата присуствуваа повеќе од 80 учесници од 27 различни земји. Во оваа прилика беа доделени и меѓународните награди: Luigi Michelletti, DASA и Heritage in Motion.

 

Во годината во која Форумот на словенските култури ја одбележува 15-годишнината од своите активности, оваа година се прославува и 10-годишнината од плодната соработка со Европската музејска академија со организацијата на меѓународната конференција на која беа поделени меѓународните награди: наградата Luigi Michelletti, за најиновативни музеи од областа на поновата историја , индустриско наследство и социјалните промени; наградата DASA за извонредни музејски наставни програми и наградата Heritage in Motion за филмаџии и корисници на филмови, игри, апликации и веб-страници од областа на европското наследство, културно и природно, материјално и нематеријално.

„Среќни сме што ФСК беше домаќин на меѓународната конференција на која беа поделени наградите на Европската музејска академија (ЕМА), бидејќи е долгогодишен партнер во многу проекти на нашата установа. Повеќе од 80 учесници од 27 различни земји имаа единствена можност да разменат мислења за предизвиците што ги поставуваат современите музеи, да воспостават нови партнерства и да дискутираат креативни идеи и заеднички проекти “, изјави д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури и претседателка на Европската музејска академија.

Во рамките на програмата од конференцијата учествуваа 19 кандидати за наградите Luigi Michelletti и DASA, а специјални гости и предавачи беа: Клаус Јирген Шуверк, главен архитект на Музејот за индустрија и труд од Бреша и новиот Национален музеј во Осло, потоа Блаж Вурник од Градскиот музеј и галерии на Љубљана и Марек Бацлавек од Шлезискиот музеј.

Наградата Luigi Michelletti ја доби музејскиот комплекс „Астра“ во Романија, наградата DASA - Работничкиот музеј од Данска, наградата „Heritage in Motion“ за најдобри достигнувања ја доби норвешкиот проект DigitalMuseum.org, а во категоријата Филм и Видео победници беа Градскиот музеј и галериите на Љубљана со филмот за реката Љубљаница. Настанот беше во ко-организација на Градската општина на Љубљана и Градскиот музеј и галерии на Љубљана.

 

EMA 2019

Photo: Boris Pretnar