Универзумот на словенската литература

 

Фокус во програмата на Форумот на словенски култури во руската престолнина беше и словенската литература, заедно со писателите и преведувачите, и изложбата на 100-те словенски романи, како и културните рути на писателките.

 

Во Ермитаж, една од главните сцени на VIII. Меѓународен културен форум Петербург, ФСК постави и простор за читање - место каде што бројните посетители, преку книги на различни јазици, се запознаа со словенските автори на современиот роман и збирката 100 словенски романи.

ФСК отвори изложба на 100-те словенски романи во градската библиотека Мајаковски каде што вниманието го привлекоа читањата во живо. Настапуваа: Александар Гаталица од Србија, Јани Вирк од Словенија и Евгениј Водолазинкин од Русија. Изложбата ја отвори српскиот министер за култура и медиуми Владан Вукосављевиќ. По тој повод, ФСК донираше 200 книги од збирката 100 словенски романи на Руската национална библиотека. Директорката на ФСК др. Андреја Рихтер симболичната донација ја достави до генералниот директор на Руската национална библиотека Вадим Дуди.

 

За важноста на комуникацијата помеѓу писателите и преведувачите во случајот со проектот „100 словенски романи” се дискутираше на тркалезната маса под наслов „Универзумот на словенската литература”. Дел од тркалезната маса беа Дубравка Ѓуриќ Немец советник на министерката за култура на Република Хрватска, Андреја Рихтер, директорка на Форумот на словенските култури, Рената Замида, директорка на Јавната агенција за книги во Словенија, српскиот писател Александар Гаталица, Марјана Бершадска, преведувач и професор на Државниот универзитет во Санкт Петербург, главниот и одговорен уредник на колекцијата Младен Вешковиќ од Министерството за култура и медиуми на Република Србија, Гојко Бошовиќ од српската издавачка куќа „Архипелаг” и Силвиа Стаселова, генерална директорка на Универзитетната библиотека во Братислава. Тркалезната маса ја водеше руската новинарката од Радио Спутник, Ана Староминска. Учесниците се согласија дека збирката има придонес во меѓународниот дијалог, бидејќи преводите не претставуваат само различен јазик и зборови, туку тука станува збор за пренесување на култури. Затоа, проектот „100 словенски романи” означува голем напредок во преведувањето на словенската литература по падот на Берлинскиот ѕид. Писателот Александар Гаталица додаде дека во словенскиот свет едноставно треба да најдеме можности меѓусебно да се читаме.

Новиот проект под наслов „Културни рути на писателките” исто така придонесува кон взаемно запознавање и соработка во областа на литературата. Конференцијата „Културните рути на словенскиот свет на картата на Европа” беше посветена на оваа тема. Проектот го претстави директорката на ФСК,
др. Андреја Рихтер, својот став пак, во однос на партнерството во проектот и досегашните активности, го претставија претседателката на програмскиот совет на нови културни рути Анкица Пуџариќ, директорка на Куќата на бајките на Ивана во Огулин, Хрватска, како и членката на стручниот совет др. Билјана Дојчиновиќ од Универзитетот во Белград. На конференцијата која ја водеше рускиот заменик министер за култура Ала Манилова и раководителката на агенцијата „Росотрудник”, Елеонора Митрофанова, се обратија и министрите за култура на Србија и Северна Македонија и претставниците на хрватското и словачкото Министерство за култура, како и претставници на руските региони.

 

Универзумот на словенската литература