Трансформација на словенското наследство со модерни креации

 

За време на приемот на странските делегации на културниот форум во Санкт Петербург, ФСК премиерно го претстави својот нов проект  „Трансформација: ОД традицијата на словенската носија до модерни креации”.

 

Во проектот на Форумот на словенските култури Трансформација, се идентификуваа типичните елементи на културното наследство на словенските народи во уникатни колекции кои кокетираат со еспри и специфичниот сензибилитет на модните дизајнери на младите и средните генерации.

Во првата фаза на проектот учествуваа креатори од пет словенски земји: Николај Божилов од Бугарија, Галина и Николај Бирјуков од Руската Федерација, Андреа Појездалова од Словачка, Јелена Проковиќ од Словенија и Невена Ивановиќ од Србија. Резултатот од трансформацијата на богатото наследство на традиционалните елементи на културното потекло од кое доаѓаат креаторите со нивно вметнување во современиот културен и глобален моден контекст беа пет авторски збирки. Истите беа премиерно претставени за време на VIII. Меѓународен културен форум во Санкт Петербург.

 

Трансформација на словенското наследство со модерни креации