Словенската градина во Пула не е минлива приказна

 

Форумот на словенските култури, во соработка со Саемот на книгата  Сонувам книги (Sa(n)jam knjige) во Истра, започна да ја изведува новата програма Словенска градина. Во рамките на истата, на јубилејниот, 25-ти саем во Пула учествуваа современи руски автори, а на престижна локација на самиот саем беше претставена и збирката 100 словенски романи.

 

Саемот на книгата Сонувам книги (Sa(n)jam knjige) во Истра, кој се смета за фестивал на автори и издавачи и кој секоја година е посетен од неверојатни 80.000 посетители, за јубилејното 15-годишно издание беше збогатен со нова програма Словенска градина, иницијатива на меѓународната фондација Форум на словенските култури. Програмата има за цел да ја промовира збирката 100 словенски романи, како и современата словенска литература.

„Среќни сме заради одличната соработка со нашите партнери во простор каде се среќаваат различни култури, каде што се среќаваат словенскиот и римскиот свет и се отвораат нови хоризонти преку нашиот нов проект со кој ги разбивме бариерите и создадовме програма која не е само „минлива приказна“, истакна д-р Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури на отворањето на саемот. Магдалена Водопија, директорката на саемот во Пула, изјави: „Словенската градина е заснована со тенденција да стане традиционален, траен и важен дел од саемот“.

Со програмата и збирката 100 словенски романи, ФСК се претстави на престижна локација на влезот на самиот саем, а гости на програмата беа и тројца современи руски автори: Јевгениј Водолазкин, Гузел Јахина и Сергеј Лебедев. Покрај споменатите автори и нивните преведувачи, како и хрватските издавачи, во програмата учествуваше и словенечко-австриската писателка Маја Хадерлап. За време на своите предавања и презентации, гостите-автори меѓу другото, истакнаа, дека нивната литература не е поврзана само како словенска, туку честопати преку темите кои се одраз на слични историски искуства.

Програмата беше надополнета со изложбата на словенечкиот фотограф Јоже Сухадолник „Утра во Русија“.

 

Словенската градина