Публикацијата издадена по повод нашата 15-годишнина!

 

За својот 15-годишен јубилеј, Меѓународната фондација Форум на словенските култури издаде специјална публикација Нашите 15! која нуди преглед на активностите на фондацијата од нејзиното основање во 2004 година па сѐ до денес.

 

Со разноврстни текстови и богат визуелен материјал, публикацијата претставува динамичен развој на фондацијата, истакнувајќи ја нејзината разновидност и спектар на програмата, која изобилува со бројни проекти изработени и спроведени од Форумот на словенските култури.

Посебно внимание беше посветено на изложбите поставени во текот на 15-те години работење, импресивен број партнери и меѓународни презентации на ФСК, новите проекти, центрите на ФСК и медиумската застапеност.

Владан Вукосављевиќ, претседател на Управниот одбор на ФСК и министер за култура и информации на Република Србија и д-р Андреја Рихтер, директор на Форумот на словенските култури, придонесоа за претставување на публикацијата, којашто беше предложена од страна на ФСК и изработена од страна на Матија Ковач.

 

Нашите 15!