На SeeYu конференцијата за спомениците од Втората светска војна

 

Под покровителство на меѓународната фондација Форум на словенските култури, започна меѓународната конференција SeeYu, каде што експерти од 12 земји ја претставуваат улогата на историските музеи и споменските обележја од Втората светска војна некогаш и денес.

 

На меѓународната конференција SeeYu учествуваат експерти од музеите за Втората светска војна, спомен-паркови и други заинтересирани за поранешните музеи на револуцијата и споменските обележја. "Ова е прва ваква конференција, која има за цел да ни прикаже увид во активностите на историските музеи во поранешна Југославија и низ светот во 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години од минатиот век и нивната работа денес", изјави д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури за целта на конференцијата, и додаде дека 25 експерти се согласија да се договорат за тоа како да соработуваат во иднина и на каков начин заедно би можеле да ја обележат 75-годишнината од крајот на Втората светска војна. Истите ќе започнат и со подготовка на историско-туристички водич за локалитетите на спомениците од Втората светска војна.

На конференцијата која што се одржува во Градскиот музеј во Љубљана (04.10), и во Куќата на Плечник (05.10), учествуваат 25 експерти од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Кина, Македонија, Република Чешка, Руската Федерација, Словенија, Србија, Украина, Хрватска, Црна Гора).