Наполнивме 15 години!

 

Меѓународната фондација Форум на словенските култури го прослави својот 15-годишен јубилеј со концертот на отворено Словенска рапсодија. Оваа прилика ја искористивме да именуваме и  почесен амбасадор, како и да ги поделиме сертификатите за амбасадор на ФСК.

 

Називот почесен амбасадор го доби поранешниот хрватски министер за култура, Божо Бишкупиќ. "Ја познаваме франкофонската култура, го познаваме Гете Институтот ... ваквите мрежи ги поврзува јазикот. Словените ги поврзува нешто повеќе. Тоа се словенските култури", изјави Бишкупиќ. Називот почесен амбасадор за значаен придонес во воспоставувањето и функционирањето на фондацијата ФСК ќе биде доделен на поранешниот црногорски министер Бранислав Mиќуновиќ, додека пак сертификатите за амбасадори на ФСК за вреден придонес кон препознавањето на фондацијата и воспоставувањето врски беа доделени за време на церемонијата во Љубљана на: Гордан Николов од Северна Македонија, Дубравка Ѓуриќ Немец од Хрватска и Владимир Копич од Србија.

"Верувам дека културната интеграција и соработка може најдобро да ја заживеат словенската креативност, да го зајакнат нивниот словенски идентитет и да го ревитализираат културниот дијалог во Европа и во светот. Се стремиме кон споделување вредни знаења, искуства и идеи, особено за можноста повторно да учиме едни од други и да го збогатиме нашиот креативен потенцијал", изјави д-р Андреја Рихтер, директорка на меѓународната фондација Форум на словенските култури, и додаде дека кажаното го докажа и гала концертот Словенска рапсодија, кој на една бина понуди уникатно искуство на музика и музичари од 13 земји. ФСК го организираше овој концерт во соработка со Imago Sloveniae и под покровителство на претседателот Борут Пахор.

 

Наполнивме 15 години