Зелено светло за новиот проект Словенски градини

 

Во рамките на новиот проект Словенски градини и активностите поврзани со истиот, се нуди можност за конструктивна соработка на локалните заедници, граѓанското општество, државните институции и ФСК. На воведната средба на партнерите во проектот, градоначалниците на општините на обалата и нивните претставници се запознаа со проектот и дадоа зелено светло за неговото започнување.

 

Меѓународниот проект за зачувување и промоција на словенското културно наследство Словенски градини се заснова на оригиналната меѓузависност на природното и културното наследство. Како што е веќе познато, словенските културни и духовни традиции се тесно поврзани со природата и годишните времиња.

Проектот вклучува: уредување на средината (со типични словенски дрвја и растенија), скулптури поврзани со словенската митологија, познати и признаени скулптори од 13 словенски земји и програма на активности (кулинарски, раскажување приказни, музички настани, читања и сл.).

На иницијатива на писателот Владо Жабот и ФСК, на воведната средба се сретнаа партнерите во проектот: Алеш Пријон, Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Разкрижје - Станко Иванушиќ, Вера Марко -  градоначалник на општината Креншовци, Јанко Шпиндлер - заменик-градоначалник на општина Љутомер, градоначалникот на Белтин - Марко Вираг и Весна Фицко од општина Вержеј. Присутните ја изразија нивната подготвеност за партнерство и учество во проектот и дискутираа за следните неопходни чекори за успешно започнување на проектот и изведување на истиот. Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање изрази поддршка од Министерството за проектот, и го истакна и интересот за истиот. ФСК покани и група експерти, кои се подготвени активно да се вклучат во реализацијата на проектот Словенски градини.

 

Зелено светло за новиот проект Словенски градини