За наградата Жива на есенскиот собир во Посавскиот музеј Брежице

 

Форумот на словенските култури, додели номинација на Посавскиот музеј Брежице за наградата Жива како кандидат за најдобар словенски музеј за 2019 година за време на есенскиот собир со локалните Посавци и гости и изложбата Четири елементи: 3 – ЗЕМЈА.

 

Со номинацијата за најдобар словенски музеј, Посавскиот музеј Брежице им се придружи на скоро 120 музеи од 13 словенски земји кои се пријавени за наградата Жива во последните шест години. Д-р Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, кој ја доделува наградата, заедно со членката на жирито Нина Здравиќ Полиќ, на Аленка Чернелиќ Крошељ, директорката на Посавскиот музеј Брежице, и ја доделија номинацијата за наградата Жива за најдобар словенски музеј за 2019 година. „Со задоволство и одговорност го прифативме предизвикот и се пријавивме за наградата Жива. Свесни сме дека ова претставува повеќе од само награда. Меѓу другото, пријавата потпомогна во создавање на нов промотивен филм за музејот. Истиот е обновен со цел за подобра промоција на нашата институција“, изјави во оваа пригода Чернелиќ Крошељ.

На есенскиот собир во Посавскиот музеј Брежице, беше претставен гореспоменатиот промотивен филм, како и предавањето со наслов Музеите како културни центри - иднината на традицијата: во Посавје, Словенија и во светот. Предаватели беа д-р. Александра Берберих Слана, претседателка на Унијата на музеи на Словенија и Аленка Чернелиќ Крошељ, директорка на музејот, потпретседател на ICOM Словенија и претседателка на Регионалната алијанса на ICOM SEE за периодот 2019 - 2022 година.

 

Видео записи од настанот ќе пронајдете ТУКА!

 

За наградата Жива на есенскиот собир во Посавскиот музеј Брежице

Фотографија: Посавски музеј Брежице