Вирк и Жабот на Белградскиот фестивал за европска литература

 

По повод одбележувањето на 15-годишнината од Форумот на словенските култури, 8-миот белградски фестивал на европска литература, оддаде посебна почит на збирката „100 словенски романи“, за која разговараа словенечките писатели Јани Вирк и Владо Жабот и српскиот уредник Гојко Божовиќ.

 

На фестивалот, словенечките писатели индивудуално се претставија на литературните вечери и заедно со одлично посетена прес-конференција, исто така имаа неколку средби со српските медиуми. Јани Вирк зборуваше за неговиот роман „Последното искушение на Сергиј“, додека литературната програма на Владо Жабот беше фокусирана на неговиот роман „Волчи ноќи“. Српските преводи на двата романи се појавија во збирката 100 словенски романи.

Публиката и медиумите беа заинтересирани за ставовите на словенечките гости за збирката 100 словенски романи и за работата на Форумот на словенски култури, како и нивното мислење за современата словенечка литература; и улогата и важноста на литературата во нови социјални, културни, медиумски и технолошки околности.

Белградскиот фестивал за европска литература е еден од најпосетуваните литературни настани во Србија.

 

Вирк и Жабот на Белградскиот фестивал за европска литература