Вашето наследство е наше наследство

 

Во рамките на VIII. Меѓународен културен форум во Санкт Петербург, ФСК ја додели наградната скулптура Жива на најдобриот словенски музеј за 2019 година и најдобриот природен и културен споменик во словенскиот свет. На посебна тркалезна маса пак, претставници на руските и словенските музеи дискутираа за важноста на словенското наследство во глобален контекст.

 

По прогласувањето на најдобриот словенски музеј и природен и културен споменик во октомври 2019 година во Црна Гора, ФСК во Санкт Петербург на победниците им ја додели и наградната скулптура. Евгениј Артемов, директор на Музејот за политичка историја на Русија, кој ја доби наградата за најдобар словенски музеј, ја искористи можноста да истакне: „Наградата Жива е голема чест за нас. Особено во година кога ја одбележуваме 100-годишнината од нашиот музеј. Ова признание го прифаќаме не само како награда, туку и како придонес од нашиот тим во развојот на меѓународната културна соработка. Ова исто така ги зајакнува нашите врски со нашите колеги во словенскиот свет”.

Наградата Жива 2019 за најдобар природен и културен споменик во словенскиот свет беше доделена на тврдината на хероите Брест. „Во пресрет на 75-годишнината од големата победа, наградата ни е од голема вредност и симболика. Бранителите на тврдината Брест беа претставници на 30 националности. Вака го зачуваме споменот за нивниот подвиг и нивните воени жртви”, изјави директорот на меморијалниот комплекс, Григори Бисијук.

 

На тркалезната маса Вашето наследство е наше наследство, која ја водеше Михаил Бризгалов, генерален директор на рускиот музички музеј, дискутираа директорите и другите претставници на словенските музеи: Тијана Палковљевиќ Бугарски, директорка на галеријата „Матица Српска” во Србија, Андреја Рихтер, директорка на Форумот на словенските култури, Сарита Вујковиќ, директорка и Жана Вукичевиќ, кустос, двете од Музејот за современа уметност на Република Српска од Босна и Херцеговина, Саша Месец од Словенечкиот планински музеј и Павел Душа, судија за наградата Жива и директор на Чешкиот рурален музеј. Собраните дискутираа за словенското наследство како важен и богат блок за градење на европското и светското наследство, кое честопати е маргинализирано, па дури и занемарено. Тие, исто така, презентираа и конкретни примери за меѓународна соработка и ја истакнаа важноста на ширењето на знаењето за материјалното и нематеријалното наследство на словенските земји ширум светот.

 

Вашето наследство е наше наследство