Награда Жива

 

Словенската божица Жива (лат. Živa, исто така позната како лат. Żiwia, Siva, Sieba или Razivia) го претставува принципот на животот, долговечноста, младоста, убавината, грациозноста, виталноста и плодноста - карактеристики кои го опишуваат и словенското наследство.

Наградата Жива за прв пат се појавува во 2012 година како резултат на иницијативата на стручните проектни групи на земјите кои ги поврзува Форумот на словенските култури.

Целта на наградата Жива е препознавање, поттикнување, наградување и промовирање на експериментите, проектите и праксите во областа на музеологијата во специфичен културен и географски контекст на словенските земји, со посебен фокус на специфичностите и уникатните вредности на словенскиот свет со неговите приказни, традиции и наследство, со неговите заеднички, а понекогаш и контрадикторни корени, како и проблеми. Тоа е награда, која од една страна, собира интересни искуства, а од друга страна, ги споделува на наднационално ниво. Таа ја промовира конкуренцијата со цел да се зголеми бројот на музеи, меѓу кои и создава простор за натпревар меѓу музеите - кој од нив ќе стане најдобар музеј, и се заснова на верувањето дека знаењето и размената на искуства е од суштинско значење за создавање на повлијателна улога на музеите во нашето општество.