Форумот на словенските култури повторно со изложба во УНЕСКО
Меѓународната фондација Форум на словенските култури заедно со партнерските институции подготви изложба на тема Жените и Големата војна. Церемонијата на отворање на истата, во соработка со Постојаното претставништво на Република Словенија при УНЕСКО, се одржа во палатата на УНЕСКО во Париз.
Космополитските интелектуалки фокус на новите културни рути
Меѓународната фондација Форум на словенските култури во рамките на проектот Нови културни рути на Советот на Европа ја организираше меѓународната конференција за писателките од почетокот на 20-ти век. На истата присуствуваа 9 научници и експерти од 7 земји.
Повторно многу пријави за наградата Жива
По завршувањето на конкурсот за наградата Жива 2019 за најдобар словенски музеј и најдобар споменик за природно и културно наследство во декември 2018 година, на седиштето на ФСК започнаа да се разгледуваат пријавите.
ФСК го зајакнува оживувањето на креативноста на словенските култури
На иницијатива на Министерството за култура од Калушката област во Руската Федерација, министерот Павел Суслов и д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, потпишаа меморандум за соработка.
Најавуваме
Жива 2019 – ЗАЧУВАЈТЕ ГО ДАТУМОТ!
Црна Гора
Конференцијата и доделувањето на Жива наградата 2019 за најдобар словенски музеј и најдобар природен и културен споменик ќе се одвива од 2-ри до 5-ти октомври 2019 во Црна Гора.
7-ма Меѓународна научна средба на млади хуманисти “Миграциите во словенскиот простор во 20-тиот и 21-виот век ”
Словенија
Форумот на словенските култури во соработка со Студентскиот оддел на Здружението на друштва, Словенското друштво на Словенија и Словенското друштво Марибор Ве поканува кон пријавување на оригинални научни придонеси.