100 словенски романи во Белград – не само книги, туку и изложба

 

Форумот на словенски култури и оваа година се претстави на Белградскиот саем на книгата. Вниманието на бројните посетители не го привлекоа само книгите од збирката 100 словенски романи кои се истакнуваат со својот визуелен изглед, туку и истоимената изложба.


Меѓународната фондација Форум на словенските култури и оваа година се претстави на Белградскиот саем на книгата со збирката 100 словенски романи. Саемот беше одржан 63-ти пат, и се смета за еден од најпопуларните во регионот, како кај широката јавност, така и кај писателите, издавачите, уметниците. Српската издавачка куќа Архипелаг имала најголем придонес во збирката 100 словенски романи, во која од досега објавени 68 дела додала дури 24 преводи. Истите, како и многу други преводи на различни словенски јазици беа презентирани на саемот. Покрај тоа, достапна беше и изложбата 100 словенски романи, која визуелно и вербално претстави 108 автори на современиот роман од 9 словенски земји.

Изложбата досега беше одржана во Париз, Љубљана, Радље об Драва, Санкт Петербург, Москва и Виена. После Белград изложбата ќе се пресели во словачката престолнина Братислава, каде што ќе се отвори на 6-ти ноември во тамошната Универзитетска библиотека.

Форумот на словенските култури, во соработка со своите партнери продолжува со издавање книги и со своите преводи се грижи за унапредување на културата на читање на најдобрите словенски автори на современи романи. Со разни други активности, тие се стремат кон промовирање на збирката, романите, авторите и преведувачите не само во стручната туку и во пошироката јавност.

100 словенски романи во Белград