ФСК на работна посета во Музејот на емиграции во Гдиња

 

Форумот  на словенските култури на покана на Музејот на емиграции во Гдиња во Полска го посети музејот кој може да се пофали со титулата најдобар словенски музеј во 2018 година. Целта на посетата беше дебата околу заедничките активности во 2019 година, со фокус на промоција на наградата Жива, како и одбележувањето на 15-годишнината на ФСК. Се дискутираше и за воспоставување поблиски врски меѓу сите музеи кои аплицирале за наградата Жива во последните пет сезони. Досега за наградата беа пријавени повеќе од 100 музеи од сите 13 земји членки на ФСК.

Музејот на емиграции во Гдиња во септември оваа година со освојувањето на наградата Жива доби уметничко дело на Љубица Раткајец Кочице. Во чест на оваа прилика, директорката на музејот, Каролина Грабовиц-Матијас изјави: "Ова е резултат на работата и посветеноста на целиот тим. Задоволни сме што и покрај тоа што сме млада институција, судиите можеа да препознаат дека сме препознатлив бренд на географската мапа на полската култура. Особено сме задоволни што во нивниот извештај за наградата се истакна страста и посветеноста на сите вработени. Затоа сметам дека ова е награда за сите, и на истите им се заблагодарувам за нивната креативност и ентузијазам ".


Дознај повеќе за музејот ТУКА!

ФСК во Музејот на емиграции во Гдиња