ФСК и оваа година на Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург


Форумот на словенските култури, во рамките на VII. Меѓународен културен форум во Санкт Петербург го претстави основањето на новите културни рути. Присутните министри за култура од словенските земји го пофалија проектот Словенска престолнина на културата.

 

Меѓународната фондација Форум на словенските култури и оваа година се огласи на посебната покана и се претстави на Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург. Во рамките на втората конференција за новите културни рути во словенскиот свет, министрите за култура: Дејан Прешичек од Словенија, Боил Банов од Бугарија, Љубица Лашакова од Словачка, Владан Вукосављевиќ од Србија и Ала Манилова, државен секретар - заменик-министер за култура на Руската Федерација, во својот говор, меѓу другото, го истакнаа значењето на културното наследство на секој народ, како и предностите кои ги носат заедничките проекти и промоцијата на словенските народи во и надвор од државите. Покрај веќе воспоставените проекти (100 словенски романи, Жива – наградата за најдобар словенски музеј...), ФСК подготвува нова европска културна рута (најпрво со седиште во една од словенските земји), со согласност од страна на Управниот одбор на Форумот се започнува и подготовка на проектот Словенска престолнина на културата. Владан Вукосављевиќ, извршниот директор ФСК ја нагласи и 15-годишнината од основањето на фондацијата. Годишнината ќе биде прославена следната година и обележана со бројни настани.

Според руските домаќини, следната година ФСК ќе биде специјален гостин на културниот форум во Санкт Петербург. "Ова е одлична можност за словенските култури, институциите и уметниците", изјави д-р Ала Манилова, на што Андреја Рихтер, директорката на ФСК додаде дека за овој настан, во соработка со земјите-членки на ФСК, интензивно ќе се подготвуваат и ќе се обидат во потполност да ја искористат можноста како вистински државни почесни гости на еден од најголемите настани во светот каде што во преден план се глобалните трендови во областа на културата. Рихтер исто така беше еден од предавачите на тркалезната маса Музика. Време. Дигитализација. Простори.

Оваа година, Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург е домаќин на 35.000 учесници од 100 земји.

 

ФСК на Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург