ФСК го зајакнува оживувањето на креативноста на словенските култури

 

На иницијатива на Министерството за култура од Калушката област во Руската Федерација, министерот Павел Суслов и д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, потпишаа меморандум за соработка. Во него, тие се обврзуваат дека двете институции ќе промовираат и поддржуваат пријателски односи, ќе развиваат соработка и активно ќе се грижат за размена на делегации, експерти, изложби, презентации. Соработката помеѓу ФСК и Калушката област ќе започне веќе оваа година, во согласност со потпишаниот двогодишен акциски план, со учество на уметници од Калушката област и музејски експерти во Словенија.

Д-р. Рихтер потпиша уште еден меморандум за соработка во Белград со Мигел Паласио, раководител на Здружението на експерти на подрачјето за културни рути за Светите места на неподеленото христијанство. Целта на договорот е да се обезбеди взаемна поддршка и размена на информации со цел да се создаде и промовира културна рута преку најважните свети места на неподеленото христијанство во Европа.

 

Потпишување меморандуми за соработка