Работен состанок со претседателот на Управниот одбор на ФСК

 

Директорката на Форумот на словенските култури, д-р. Андреја Рихтер, за време на својата посета на Белград, се сретна и со претседателот на Управниот одбор на ФСК, Владан Вукосављевиќ, министер за култура и информации на Република Србија.

Тие дискутираа за настаните кои ќе ја одбележат 15-годишнината на ФСК во земјите-членки и надвор од нивните граници во 2019-тата година, како и за свечената седница на Управниот одбор на ФСК, која ќе се одржи во јуни во Словенија.

 

Средба со претседателот на Управниот одбор на ФСК