Пиранова колоквиум: Звуци и музика

27 – 29 март 2019

Словенија

 

Форумот на словенските култури Ве поканува на Пиранова колоквиумот со наслов Звуци и музика

 

Колоквиумот е наменет за музејските професионалци (максимум 20 лица) со цел да поттекне дискусија и размена на искуства за користењето на звуците и музиката во музејската работа.

Дел од предавачите ќе бидат: Кристијан Рохнер од Музејот за комуникации - добитник на наградата на Советот на Европа за 2019 година во Берн (Швајцарија), Боштјан Перовшек (Словенија) - музичар, композитор и дизајнер на звучни простори, како и носителите на меѓународниот проект Звуци на промената (Sounds of Change).
Гостите-предавачи очекуваат активно учество на учесниците, кои, меѓу другото, ќе имаат можност да се претстават себеси и својата музејска работа, а на колоквиумот ќе стекнат нови знаења и вештини за користење на звуците и музиката во музејските аранжмани, промотивните кампањи, како и други форми на комуникација со музејските посетители и другата јавност. Тие исто така ќе добијат посебен сертификат за учество на колоквиумот.

 

Пријавете се ТУКА!