Меѓународна конференција: Нова културна рута посветена на писателките од 20-тиот век

1 – 2 април 2019

Словенија

 

Форумот на словенските култури организира меѓународна конференција во Љубљана за улогата и важноста на писателките од почетокот на 20-тиот век. Конференцијата, на која ќе присуствуваат научници од седум словенски земји, исто така, ќе биде и воведен состанок на научниот совет на Советот на Европа за новите културни рути. Истата ќе ги поврзе симболичните и реалните простори на животот и делата на важните поетеси и писателки од овој период: музеи, спомен-соби, споменици, архиви, читалници; со заеднички програми и активности, не само што ќе придонесуваат во културната понуда, туку ќе претставуваат и значаен придонес за локалните заедници и во областа на туризмот, креативните индустрии итн.