Конкурс за најдобра приказна, превод и илустрација “Словенскиот свет низ детските очи”

28 февруари 2019

 

Центарот на словенските култури Москва, по повод 15-годишнината од ФСК, објави меѓународен конкурс за најдобра приказна, превод и илустрација на "Словенскиот свет преку детските очи".

Конкурсот ќе се изврши во три фази:

1. Фаза = национална - пишување на мајчин јазик,

2. Фаза = сесловенска - преведување,

3. Фаза = меѓународна - илустрации.


Конкурсот за пишување приказни е наменет за деца од 7 до 17 години и се одржува во неколку словенски земји. Приказните не треба да бидат подолги од 1800 карактери (со празни места) и треба да бидат на една од следниве теми:

-             патување низ словенската бајка,

-             посета на словенска држава,

-             позната личност од словенскиот свет,

-             познавање на традиционалната култура или занаети во словенска држава.

 

Рокот за објавување на приказните е 28 февруари 2019 година.

Најдобрите приказни на мајчин јазик ќе бидат наградени, преведени и јавно објавени.

 

Следната фаза од конкурсот ќе се одржи пролетта 2019 година и ќе биде наменета за младите преведувачи и илустратори.

 

Конкурс “Словенскиот свет низ детските очи”