Мисија

Нашата мисија е да ја зајакнеме креативноста на словенските култури, а главната цел ни е да ги поврземе словенските култури и да направиме да бидат повеќе присутни во глобален културно-општествен контекст. Во Форумот на словенските култури ја претставуваме словенската култура, наука и уметност, нејзиниот креативен набој и наследство и активно се грижиме за препознатливиот придонес на словенските култури во глобалниот дијалог.

Нашата главна обврска е да се спроведат заеднички културни, образовни и истражувачки проекти кои го промовираат знаењето за словенското културно наследство и креативност. Ние го одржуваме и ревитализираме словенскиот културен идентитет преку примање и финансирање на иницијативи за културни проекти и културен туризам, размени и гостувања од сите словенски земји и активно да ги бараме соодветни партнери во сите земји. Организираме фестивали, изложби, конференции, концерти и други настани кои го претставуваат словенското културно наследство и креативност.

Сакаме Форумот на словенските култури да стане референтна платформа за интеркултурен дијалог на словенските култури и центар за поврзување на словенските држави во областа на уметноста и културата, образованието, науката и културниот туризам.